Почетна Убавина и здравје„Мажите обично не можеа да ме задоволат, а еве што правам сега со маж ми“ – Убавина и здравје

„Мажите обично не можеа да ме задоволат, а еве што правам сега со маж ми“ – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Без влакна на јазикот зборувала за тоа како со часови води љубов со сопругот

Хајди Клум гостувала во еден подкаст и зборувала за својот љубовен и сексуален живот, откривајќи многу детали.

Манекенката и супермоделка Хајди Клум го нарекла својот поранешен партнер, италијанскиот бизнисмен Флавио Бријаторе – многу стар. Хајди и Бријаторите започнале врска во март 2003 година, кога таа имала 29, а тој 53 години, но се разделиле додека таа била бремена и носела негово дете.

Во врска со тоа какви типови мажи ја привлекуваат, Хајди рекла:

„Погледнете го моето минато. Немам тип. Сум била со ќелави, стари, со долга коса, слаби. Нивните карактери исто така биле многу, многу различни. На крајот од денот, сакате да бидете со некој покрај кого ќе се чувствувате пријатно. Некој поради кого ќе се чувствувате одлично.“

Потоа, зборувала за својот сексуален живот со Том Каулиц. Открила дека досега имаат поминато часови и часови во спалната соба. Признала дека има потреба за секс секогаш кога ќе го погледне својот сопруг.

Хајди, исто така, открила дека најлудите места на кои имала секс биле приватен авион и во море.

Таа рекла и дека со сопругот користеле секс-играчки во спалната соба.

„Па, зошто да не?! Освен тоа, ако имате секс со часови, мора да се случуваат повеќе работи“, рекла Хајди.


Поврзани објави

Потоа, додала:

„Мислам дека на жените им е полесно одошто на мажите, бидејќи прашање е дали мажот е еднакво издржлив. Мажите обично не можат да издржат долго. Обично не успевале да ме задоволат. Но мојот сопруг успева.“

Во емисијата, Хајди не престанала да го фали својот сопруг.

„Имам пробано многу различни ‘колбаси’ во животот. Но на крајот завршив со германски. Германски колбас, што да ви кажам повеќе?“, рекла Хајди.

Манекенката зборувала и за своите навики и начин на живот, па така открила и дека обожава да се сонча топлес во својата куќа.

„Кога нема никој, јас сум во градината топлес. Ќерка ми обично ме предупредува кога доаѓаат гости и ми вели да го облечам горниот дел на костимот за капење. Ѝ велам дека ќе го сторам тоа, да не се грижи. Јас само не сакам да имам траги од костимот за капење на телото“, раскажала Хајди Клум.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм @heidiklum