Музичката ѕвезда Јелена Карлеуша се огласи откако списокот на пејачи чија музика беше забранета на антисрпските протести се појави на огласна табла во средно училиште во Белград.
Јелена Карлеуша истакна дека на музичарите не им е место на протестите, кои наводно биле организирани за жртвите во Нови Сад, и го повика српскиот народ да се крене против немирите за кои се залагаат странски служби.
Пациенти прават списоци како во времето на Хитлер?! Ја ставаат на список мртвата Мерима Његомир?! Освен тоа, каква музика се пушта на наводните протести за жртвите? Пуштаат музика?! Имаат диџеј?! Повторувам седум милиони сме, време е српскиот народ да се крене против фашизмот платен од ЦИА. Ако тоа им помина во Сирија, Авганистан, Ирак, Либија, нема да помине овде“ – изјави Јелена Карлеуша.
Obožavam decu revolucionare♥️ pic.twitter.com/SBbW1eZDTT
— Damjan (@Damjan245) January 21, 2025
Поврзани објави
Да потсетиме, на социјалните мрежи се прошири фотографија од една белградска гимназија на која се гледа список на уметници чии песни се забранети да се свират на протестите во Србија.
На листата се најпознатите имиња од српската есктрада, како Аца Лукас, Харис Џиновиќ, Жељко Јоксимовиќ, Јелена Карлеуша, Зорица Брунцлик, Лепа Лукиќ, па дури и покојната Мерима Његомир.
Фото: printskrin Youtube/Telegraf.rs TV
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: