Бела веќе 6 години јаде исклучиво месо, а сега открила како тоа се одразува на нејзиното здравје
Американката Бела долго била веганка, а потоа го променила својот начин на исхрана од корен. Нејзиното мени веќе 6 години содржи само месо и млечни производи, сосема спротивно од препораките на денешните лекари. Освен тоа, нагласува дека речиси воопшто не консумира овошје, зеленчук и јаглехидрати.
На својот инстаграм-профил споделува бројни детали од приватниот живот и детално опишува кои промени ги забележала на нејзиното тело. Таа тврди дека го решила проблемот со кожата и со менструалниот циклус, како и дека многу подобро се чувствува психички.
„Немам изедено ниеден јаглехидрат, парче овошје или зеленчук шест години и не умирам од недостиг на енергија, ниту хормоните ми се уништени“, раскажала Бела и додала:
„Всушност, ослабев повеќе од 11 килограми, сега имам безболни менструации, неверојатно стабилна енергија и расположение. Моето тело сега ги согорува мастите како гориво“, открила таа.
Поврзани објави
Исто така, објаснува дека мирисот на телото значително ѝ се променил откако се откажала од веганството и преминала на месо и млечни производи.
„Луѓето мислат дека ќе мирисате ужасно ако јадете само месо. Бев веганка околу шест години и мирисот на моето тело, гасовите и потењето едноставно излегоа надвор од контрола, а сега, кога јадам месо, не ми треба никаков сапун или гел за миење на телото. Одлично мирисам и веќе не испуштам гасови“, вели Бела.
Меѓутоа, важно е да се потенцира дека ваквиот начин на исхрана никако не би требало да биде вашиот избор пред да се консултирате со доктори и нутриционисти. Британската национална организација нагласува дека здравата исхрана подразбира консумација на овошје, зеленчук, намирници богати со влакна и слично. Исто така, според нивните препораки, дневната количина на преработено месо би требало да биде околу 70 грама.
ФОТО: Инстаграм