Почетна Убавина и здравјеГи забранила дадилките и никако не отстапила од ОВА! – Убавина и здравје

Ги забранила дадилките и никако не отстапила од ОВА! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Меланија Трамп има син Барон, кој сега има 18 години. Таа се потрудила да му го тргне товарот на славата од грбот, давајќи му можност самиот да си го одбере својот пат

За првата дама на Америка, Меланија Трамп, се појавуваат разни приказни, нејзиното име неретко е во центарот на скандалите, но никој не може да ѝ оспори едно нешто – фактот дека таа е многу посветена мајка. Нејзиниот син Барон сега има 18 години и воопшто немал дадилки додека растел. Во воспитувањето на наследникот најмногу ѝ помогнале родителите Виктор и Амалија Кнавс, како и сестра ѝ Инес, поради што тој кога бил мал зборувал на словенечки дијалект.

Иако не зборува многу за себе, Меланија во повеќе пригоди ги има споделено своите мајчински тајни.

Почитување на индивидуалноста

Во едно интервју, ја прашале сопругата на Доналд Трамп дали може да сподели неколку мудрости за младите мајки кои многу се трудат да одгледаат деца во општество со многу предизвици.

Како што истакнала госпоѓата Трамп, најважно е родителите да бидат полни со љубов и да го гледаат секое дете како засебна индивидуа, човек за себе.

„Воспитувајте со љубов и сметајте го своето дете за поединец. Сите ние сме различни. Бидете претпазливи и полни со љубов“, рекла Меланија.

Силата на родителите


Поврзани објави

Меланија Трамп има зборувано за неверојатната сила и трпение што понекогаш се неопходни за да се воспита детето и да се изведе на вистинскиот пат. Но исто така објаснила дека детето чувствува особена сигурност кога добива цврста поткрепа од родителот.

„Како мајка, знам што сè се случува при грижата за детето. Потребни се неверојатна количина на сила, многу време, трпение и сета наша љубов“, рекла таа во говорот по повод Денот на мајките во 2019 година и додала:

„Како мајки, ние сме исклучително привилегирани што сме можеле да донесеме деца на свет и да им помогнеме да влезат во светот на возрасните. Поради силната врска помеѓу мајката и нејзиното дете, ние ги чувствуваме и нивните емоции – било да се среќни или нервозни, тажни или возбудени, ние сето тоа го чувствуваме заедно со нив. Мислам дека тоа е еден од најмоќните и најубави делови од мајчинството“, заклучила таа.

Време за себе

Првата дама нагласила и колку е важно да се одвои време за себе.

„Погрижете се, како мајка, да ги излечите своите рани за да не ги пренесувате сопствените трауми на своето дете“, посочила таа и нагласила дека никако не би требало да се отстапи од ова.

Смета дека добар родител може да биде само личноста која е во хармонија со себе, во сите други ситуации, детето ќе ја почувствува неурамнотеженоста кај родителот. Затоа, неопходно е секој родител да си даде малку простор за себе.

ФОТО: Инстаграм