Ако сакате да пробате чај од куркума, направете го на овој начин.
Овој чај се состои од само пет состојки, куркума, ѓумбир, цимет, кардамон и природен мед. Поволното дејство на организмот ќе го почувствувате дури по неколку дена редовна употреба, а се верува дека ја зголемува отпорноста на организмот.
Состојки:
половина кафена лажичка ѓумбир
половина лажичка цимет
на врвот на една лажичка куркума
прстофат кардамон
1 лажичка мед
500 милилитри вода
Приготвување:
Поврзани објави
Ставете ја водата на тивок оган. Кога водата ќе зоврие, додајте ѓумбир и цимет, а потоа додајте куркума, кардамон и измешајте.
Сето тоа нека се вари околу 5 до 10 минути, оставете го да се излади десетина минути, а потоа процедете го чајот и засладете го со мед.
Пијте го овој чај секое утро и ќе останете здрави и вити.
Фото: Pexels/Hilal Cavus