Ова се двата најчести причинители на овој проблем
Луѓето во зима пијат помалку течности, бидејќи не чувствуваат толку жед како налето. Тоа може да доведе до дехидратација, што го намалува количеството на урина и ја зголемува концентрацијата на минерали и соли во бубрезите. Кога концентрацијата на овие супстанции е висока, тие се таложат и формираат камчиња.
Исто така, во зима најчесто јадеме повеќе месо, преработена храна, чоколади и јаткасти плодови, а овие намирници го зголемуваат ризикот од појава на камчиња во бубрезите.
Симптоми
Поврзани објави
Каменот во бубрег може да предизвика различни симптоми, како остра болка во грбот, во страничните делови и во препоните, мачнина и повраќање, крв во урината, блокада при мокрењето, болка при мокрењето… Ако забележите некој од овие симптоми, важно е веднаш да побарате лекарска помош.
Како да ја спречите појавата на камчиња?
- Пијте доволно течности: иако во зима можеби немате потреба за вода, важно е да внесувате доволно течности секој ден. Се препорачуваат околу осум чаши вода дневно.
- Внимавајте на исхраната: ограничете го јадењето храна богата со оксалати, како спанаќ, чоколади, кафе и јаткасти плодови и намалете ја консумацијата на сол. Фокусирајте се на исхрана богата со овошје, зеленчук и влакна.
- Бидете физички активни: редовното вежбање помага за одржувањето на здравјето на бубрезите и добрата циркулација.
- Одбегнувајте прекумерно внесување протеини (пилешко месо, млеко, банани, мешунки, карфиол, брокули, јаткасти плодови): преголемата количина на протеини може да го зголеми лачењето калциум во урината, што може да доведе до создавање камчиња.
ФОТО: julien Tromeur / Unsplash