октомври 26, 2022октомври 26, 2022
Денеска е голем ден за , кога после неколкугодишно преговарање, во име на Владата на РСМ, а заедно со почитуваната еврокомесарка Јохансон, тука во Скопје, ќе го потпишам Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативни ативности спроведени од страна на Агенцијата за Европската гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) во Република Северна Македонија.
Ова претставува израз на нашата заедничка посветеност за дефинирање на одржливи, трајни решенија во справување со илегалната миграција и прекуграничниот криминал, при што почитувањето на човековите права и демократските принципи се основни темелни принципи на кои се темели меѓусебната соработка.
Значењето на Договорот со Фронтекс е дотолку поголемо бидејќи истиот ќе биде потпишан на македонски јазик, покрај јазиците на земјите членки на ЕУ.