Дали би носеле ваков комплет?
Ешли Робертс, познатата водителка, важи за една од најдобро облечените дами на светската јавна сцена. Таа знае да ја одбере совршената модна комбинација буквално за секоја пригода! А за вчерашното гостување во радиостаницата Heart во Лондон одбрала прекрасен розов комплет.
Во него изгледала неверојатно дамски и отмено, а комплетот ѝ ги истакнал облините на многу елегантен начин. Може да послужи и за вечерно излегување и за дневна варијанта.
Сребрените детали го прават уште повпечатлив, а собраната коса во пунџа е совршениот избор за ваков стајлинг.
Поврзани објави
Целиот стајлинг го заокружила со крем салонки и бела чанта и не ја симнувала насмевката од лицето додека им позирала на присутните фоторепортери.
Погледнете ги сите фотографии од овој стајлинг ТУКА.
ФОТО: Принтскрин/ celebmafia