Почетна Убавина и здравјеНебанкарскиот финансиски сектор е суштински елемент во македонската економија – Убавина и здравје

Небанкарскиот финансиски сектор е суштински елемент во македонската економија – Убавина и здравје

од nenad
6 минути читај за

Credissimo е единствената етаблирана компанија во небанкарскиот финансиски сектор во Македонија што работи целосно онлајн, со над 200.000 обработени кориснички апликации за последните 8 години. Како пионер во дигиталното кредитирање, компанијата поставува нови стандарди на пазарот, залагајќи се за транспарентност и општествена одговорност.

Во ова интервју разговараме за развојот и значењето на финансиските друштва во македонскиот финансиски сектор, предизвиците на технолошката трансформација и иднината на финансиските услуги.

Каква е улогата на небанкарскиот финансиски сектор во македонската економија и како Credissimo придонесува за неговиот развој?

Небанкарскиот финансиски сектор е суштински елемент во македонската економија, овозможувајќи брз и едноставен пристап до финансиските услуги за населението и малите претпријатија. Успехот на секторот се должи на неговата агилност и способност да одговори на современите потреби за брзо и ефикасно финансирање.

Од нашето основање во 2016 година, Credissimo континуирано воведува иновативни решенија и најдобри меѓународни практики на македонскиот пазар. Преку активното учество во Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора, придонесуваме за унапредување на стандардите и развојот на целиот сектор.

Постојаниот раст на небанкарскиот сектор ја потврдува неговата клучна улога во економската инфраструктура на земјата. Ова е резултат на добро воспоставената регулаторна рамка и растечката доверба кај корисниците, што води кон создавање на стабилен и одржлив финансиски екосистем.

Кои се главните предизвици со кои се соочувате и како ги надминува Credissimo?

Развојот на регулаторната рамка во последните години значително придонесе за подигнување на стандардите во секторот и зголемување на довербата кај корисниците. Регулаторот, во лицето на Министерството за финансии, континуирано работи на усовршување на регулативата, што води кон поголема стабилност и транспарентност на пазарот.

За Credissimo, усогласувањето со овие високи стандарди е природен процес, бидејќи нашиот деловен модел отсекогаш се темели на принципите на одговорно кредитирање и транспарентност. Со фокус врз иновациите, воведовме напредни системи за проценка на кредитната способност на клиентите и автоматизирани процеси за обработка на податоците во апликациите кои значително го намалуваат ризикот и го подобруваат корисничкото искуство.

Како компанија со богато меѓународно искуство, ги поддржуваме регулаторните иницијативи кои го издигнуваат македонскиот финансиски сектор на ниво на најразвиените европски пазари. Инвестираме значително во промовирањето на одговорно користење на финансиските производи и придобивките од дигиталните услуги, со цел да придонесеме кон натамошниот развој на довербата во секторот.

Како Credissimo ја користи дигитализацијата и иновациите за да понуди модерни финансиски решенија?

Како единствена финансиска компанија во Македонија што работи целосно онлајн, во Credissimo уште од самото основање го следиме принципот digital-first. Нашата платформа овозможува комплетно онлајн процесирање на кредитни барања, и одлука во рок од неколку минути.

Имплементиравме напредни алгоритми за анализа на корисничките податоци кои ни овозможуваат подобра проценка на кредитната способност на клиентите. Користиме вештачка интелигенција за откривање на потенцијални измами и обезбедување на сигурност на трансакциите.

Нашиот нов систем за електронска верификација на идентитет Credissimo Snap кој го интегриравме во 2023, е еден од најнапредните во регионот, обезбедувајќи брз и безбеден процес за клиентите. Високиот процент од 86% успешно пополнети апликации преку Credissimo Snap е уште еден доказ за тоа.

Како новите регулативи влијаат врз вашето работење и врз секторот во целост?

Последните измени на Законот за финансиски друштва значително ги зајакнаа регулаторните барања и ги подигнаа стандардите за работење. Овие промени доведоа до консолидација на пазарот, при што останаа само друштвата со капацитет да ги исполнат новите барања.

За Credissimo, прилагодувањето кон новите прописи беше лесно остварливо, бидејќи нашите процеси и системи отсекогаш биле дизајнирани според високи меѓународни стандарди. Новата регулатива всушност создаде поконкурентен и потранспарентен пазар, што е во интерес на потрошувачите.

Кои се главните конкурентни предности на Credissimo во споредба со традиционалните банки?


Поврзани објави

Ние не се гледаме како директна конкуренција на банките, туку како комплементарен елемент во финансискиот сектор. Нашите главни предности се ефикасноста, флексибилноста и целосно дигиталниот пристап. Додека банките се фокусираат на долгорочни и поголеми кредити, ние нудиме современи и ефективни решенија за краткорочни потреби.

Нашата технолошка инфраструктура ни овозможува оптимизирано процесирање на барањата за кредит и донесување на одлука за одобрување во значително краток рок во споредба со традиционалните финансиски институции. Истовремено, нашиот автоматизиран систем за проценка на ризик обезбедува објективност и конзистентност во одлучувањето.

Кој е вашиот правец за раст и идни планови?

Подготвуваме уште поголема персонализација на нашите кредитни производи во наредниот период. Покрај постоечките опции од изборот на сума и период на отплата, до начинот на исплата и враќање на средствата, ќе продолжиме да ја наградуваме и лојалности на нашите клиенти кои веќе имаат заштедено 6,8 милиони денари само во 2024 преку користење на попусти и поволности од нашата Лојална програма.

Паралелно со тоа, продолжуваме да инвестираме во нашиот човек ресурс со цел уште повеќе да го зголемиме квалитетот на нашата работа и да вложуваме во развојот на нашата онлајн платформа, за да обезбедиме уште подобро корисничко искуство.

Кое е местото на Credissimo во контекст на регионалниот и меѓународниот развој на финансиско-технолошката индустријата?

Како дел од меѓународна финансиска група, Credissimo има уникатна можност да имплементира најдобри практики од развиените финансиски пазари. Нашето регионално присуство ни овозможува да размениме искуства и да воведеме иновации кои веќе се докажале како успешни на други пазари.

Активно учествуваме во регионални и меѓународни иницијативи и форуми во областа на финансиските технологии, придонесувајќи за развојот на индустријата преку споделување на знаења и искуства. Нашата цел е да го позиционираме македонскиот финансиски сектор како значаен играч во регионалниот финансиски екосистем.

Што значи општествената одговорност за Credissimo?

Општествената одговорност претставува темел на нашето делување, со фокус на три столба – образование, екологија и хуманитарна поддршка во кои имаме инвестирано повеќе од 2 500 000 денари од нашето постоење до сега. Нашата најзначајна иницијатива „Секогаш биди број 1“ досега овозможи донација на 2.057 подароци со училиштен материјал во 51 училиште низ 20 населени места во Македонија.

Преку различни проекти придонесуваме за развој на заедницата – од модернизација на образовната инфраструктура во училиште во Кочани до поддршка на ЗОО Скопје и помош на лицата со пречки во развојот. Веруваме дека одржливиот успех на компанијата е неразделно поврзан со просперитетот на заедницата во која живееме.

И за крај, какви трендови очекувате да го обликуваат финансискиот сектор во Македонија во следните години?

Финансискиот сектор во Македонија се наоѓа во период на значајна трансформација. Гледаме голем потенцијал за раст во неколку специфични области – BNPL (Buy Now, Pay Later) решенија, развојот на отвореното банкарство (open banking) кое ќе создаде нови можности за иновации во секторот, како и влезот на платежните институции на пазарот кои дополнително ќе ја подобрат финансиската инфраструктура.

Решенијата за финансирање на малите и средни претпријатија исто така ќе продолжат да се развиваат со забрзано темпо. Значаен тренд што го забележуваме е растечката соработка меѓу банките и финансиските друштва. Овие партнерства ќе создадат синергии кои ќе овозможат развој на иновативни финансиски производи, комбинирајќи ги предностите на традиционалното банкарство со агилноста на финтек-компаниите.

Дополнително, очекуваме забрзан развој на решенија базирани на вештачка интелигенција, приспособени на новите потреби и очекувања на потрошувачите, како и растечко значење на ESG принципите во финансискиот сектор.

Во Credissimo сме подготвени за овие промени и континуирано инвестираме во технологии кои ќе ни овозможат да останеме лидери во дигиталната трансформација на финансиските услуги во Македонија.

Текст: Економист – Светот во 2025-та

Фото: приватна архива