Почетна Популарно(Видео) НЕВЕРОЈАТНО: За ова вечерва зборува цел свет, голманот на Њукасл направи парада на 25 метри од голот!

(Видео) НЕВЕРОЈАТНО: За ова вечерва зборува цел свет, голманот на Њукасл направи парада на 25 метри од голот!

од nenad
1 минути читај за

Ливерпул на најдобар можен начин го започна дербито против Њукасл со головите на Дарвин Нуњез и Коди Гакпо, а избраниците на Јирген Клоп добија дополнително олеснување од голманот Ник Поуп.

Чуварот на мржеата на Њукасл направи еден непромислен потег во 22-та минута и доби еден од најоткачените и најбизарни црвени картони во последно време, бидејќи реши да прави парада на 25 метри од голот.

Во обид да го сопре Мо Салах, Поуп реши да интервенира како да е во својот шеснаесетник, по што беше јасно дека ќе заработи директен црвен картон.

На судијата Ентони Тејлор не му остана никаков избор освен да му го покаже патот кон соблекувалната, по што Ливерпул остана со играч повеќе при резултат 0:2.

Овој несфатлив потег на Поуп го натера Еди Хау да го вади од игра Андерсон, а на неговот место влезе резервниот голман Дубравка.

https://www.youtube.com/watch?v=sNH2d6uDoac

Инспирирано од: infomax.mk