Почетна ПопуларноПукна првата зимска „бомба“

Пукна првата зимска „бомба“

од nenad
1 минути читај за

Коди Гакпо е нов играч на Ливерпул, пренесуваaт сите англиски спортски медиуми. Гакпо на Светското првенство во Катар беше еден од најдобрите холандски фудбалери, што значително ја зголеми неговата цена и интересот на клубовите за него.

Иако сакаше да премине во Манчестер Јунајтед, ниту Холанѓанецот ниту клубот не можеа да одолеат на понудата на Ливерпул, па тој сепак ќе биде новиот играч на овој тим од Премиер лигата.

„Црвените“ ќе му платат на ПСВ Ајднховен, 42 милиони евра загарантирана сума, плус 15 милиони бонуси. Гакпо одигра 159 натпревари за ПСВ Ајнховен и постигна 55 гола и запиша 50 асистенции.

За холандската репрезентација одигра 14 натпревари и реализира шест гола.

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска

Извор: gol.mk

Инспирирано од: infomax.mk