Почетна СветИ Мичевски му пиша песничка на Устата: Бугарска три пут ратовала увека наје*ала па Хитлерa звала

И Мичевски му пиша песничка на Устата: Бугарска три пут ратовала увека наје*ала па Хитлерa звала

од nenad
3 минути читај за

НАПОМЕНА: Текстот на песнава е козерија/иронија/фикција, и доколку ми се закани некој Македонец – веднаш ќе изјавам веднаш дека сум Бугар, доколку ми се закани Бугарин-јас ама ич не се мислам да се изјаснам како Грк, а доколку дојде закана од Србин – изјавувам дека сум Албанец .Па да видиме од која земја ќе слета авион и ќе ме собере !

Песната оди вака…

Ko to kaže, ko to laže, Bugarska je mala,
nije mala, nije mala, triput ratovala

ratovala, ratovala uveka naje*ala,
ratovala, ratovala pa Hitlera zvala

nije mala nije mala, od komšije krala,
nije mala nije mala, avione slala

otvarala, otvarala, klubove belaja,
i nije dala nije dala , komšijama prava

ratovala, ratovala uveka naje*ala,
ratovala, ratovala pa Hitlera zvala

Изминативе денови гледам разни обиди на наши сатиричари , твитерџии и водители за некаков „одговор“ на некој Бугарски рапер кој се претставува како Раката, Главата, Ногата…или Устата, што е сосема неважно, кој направил рап песна посветена на Македонија , со текст кој да го пишувал самиот нивен крал Борис III-ќи ( можеби момчето е реинкарнација на познатиот Бугарин – Борче од Втората Светска Војна ).

Но…

1. Мора да се признае дека момчето Иван Динев ( Раката Десната -Устата ) направил одлична музичка рима, а за оние кои не знаат – музичката форма Рап во своите корени претставува бунт, фрустрација,револт – кој Раката Десната го препеал во својот текст.

2. Да, текстот е асимилаторски, навредлив за нас Македонците и нашите сограѓани…но зошто не го гледаме токму така како што сакал нашиот , македонски син – Гоце Делчев? – Како поле за културен натпревар меѓу народите!
3.За жал многумина од нашите ни источни соседи, да не се залажуваме – не се тоа само политичарите, туку и многу новинари и голем број останати истакнати општествени работници имаат извитоперени гледишта на и за историјата на соседна земја, што пред се’ зборува за Бугарското општество – не за нас. Аналогијата на нивниот однос би бил ист кога некој од нас Македонците појде кај својот сосед една улица или еден кат подолу и да почне да му ги негира неговите родители ( па уште да му вели дека се браќа од исти родители ), роднини, и сето тоа да стане една наша општа опсесија која преминува во хистерија. Овие луѓе треба да ги сожалуваме, затоа што им се смее сета европска и светска историска елита, што впрочем се гледа во која ситуација и се доведени.

Затоа, на ваков (не)културно -музички обид на Раката Десната или како веќе му беше прекарот..Устата, треба да се насмееме слатко,затоа што од неговите одлично напишани и склопени рими блика само фрустрација, а ние ако сме подготвени – треба да не го/ги забележуваме или пак културно-музички да му одговориме.

Затоа и се сетив на една „големосрпска“ песна , а особено поради фактот што Бугарите се опседнати дека ние сме „диригирани“ од Белград ( претпоставувам тоа е еден вид на крик од немоќ како реакција-фрустрација за нивната контрола која можеби доаѓа од Москва )

Горекреираната песна оригинално се вика „Ко то каже, ко то лаже Србија је мала? “

Автор: ИСМ

Инспирирано од: infomax.mk