Почетна Убавина и здравјеНеверојатна судбина – Убавина и здравје

Неверојатна судбина – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

На само 17 години презела одговорност што би исплашила и многу возрасни

Саманта Родригез од Орландо покажала храброст и одлучност што ги надраснуваат нејзините години, преземајќи ја улогата на родител на своите петмина браќа и сестри по смртта на двата родитела. На само 17 години одлучила да преземе одговорност што би преплашила и многу возрасни.

Не сакала нејзините браќа и сестри да почувствуваат празнина по загубата на родителите. Нејзиното секојдневје е прецизно организирано: училиште, доктори, спортски активности, домашни задачи и работа. Сето тоа додека истовремено студира, бидејќи знае дека нејзиниот пример ќе ја обликува иднината на нејзините браќа и сестри.

„Наследив голема сила од мојата мајка. Поминував многу време со неа и затоа, кога ја изгубивме, знаев дека сакам да бидам како неа во секоја смисла на зборот. Кога сфатив дека сакам моите браќа и сестри да станат успешни луѓе кога ќе пораснат, сфатив дека морам да продолжам да учам и да им бидам пример. Многу сум среќна, тие ме прават среќна, бидејќи тие се моето семејство и ништо не ми е тешко“, заклучила оваа храбра девојка во разговор за Еј-Би-Си Њуз.


Поврзани објави

Саманта Родригез се грижела за своите родители кога тие се разболеле, дури и го напуштила училиштето за да најде време за тоа. По нивната смрт, се вратила на училиште за да земе диплома за завршено средно училиште, велејќи дека сака да им покаже на своите браќа и сестри колку е важно образованието.

„Не познавав луѓе со завршено средно училиште или факултет, па немав таков пример и ми беше тешко“, рекла Саманта.

„Кога сфатив дека сакам децата да завршат училиште и да бидат успешни, знаев дека јас треба да им го дадам тој пример и да им покажам како да го сторат тоа.

Грижата за моите браќа и сестри е тоа што ме обликува како личност. Тоа сум јас. Многу сум среќна што сум со нив и што сум тука за нив. Уживам во тоа“, рекла Саманта Родригез.

Погледнете ја нејзината неверојатна приказна во видеото во продолжение…

ФОТО: Јутјуб, Инстаграм, Фејсбук