Почетна Убавина и здравје Како ќе се грижиш за твоите родители така ќе ти се врати! (Поучна приказна)

Како ќе се грижиш за твоите родители така ќе ти се врати! (Поучна приказна)

од nenad
1 минути читај за

Во еден град, поради обврски на работа, синот го однел неговиот татко во старечки дом. Неговиот внук враќајки се од училиште го посетил деда си и се запознал со условите во кои живее.

Дедо му го замолил следниот пат кога ќе дојде да донесе и едно ќебе за да се стопли бидејќи во домот му било ладно. Таткото на детето му дал пари да купи убаво ќебе. Момчето купило две, па едното го однел на дедо си, а другото дома.

Кога таткото се вратил од работа во куќата го нашол ќебето, па зачудено ја запрашал сопругата какво е ова ќебе. Таа му рекла да го праша синот. Кога го запрашал зошто не го однел ќебето на дедо му, синот му одговорил дека на дедо му му однел едно, а ова го донел дома да го сочува кога ќе го прати татка си во дом за стари лица па да му го однесе тогаш.

Таткото седнал и се замислил за целата ситуација.

После оваа случка дедото, на големо задоволство е вратен повторно дома.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING