Мараја Кери гордо ги истакнува своите облини во смели модни комбинации
Познатата пејачка Мараја Кери претпразничниот период го поминува во планинското одморалиште во Аспен, Колорадо, а во текот на денот менува по неколку модни комбинации – единствено чизмите не ги менува.
Имено, станува збор за бели обувки со високи потпетици, а посебен детаљ е крзното на врвот на чизмите.
Големата светска ѕвезда прво ги обула за дневна прошетка со црвен фустан од трикотажа, додека уживала во купувањето подароци. Стајлингот го заокружила со бела капа и ракавици.
Поврзани објави
Меѓутоа, истите чизми ги обула и со светкав фустан, па со насмевка ги поздравувала папараците додека била на шопинг во продавница на „Гучи“. Стајлингот го надополнила со елегантен ѓердан и многу слична бела капа.
Како ви се допаѓа овој модел на чизми?
ФОТО: Инстаграм