Table of Contents
Над дваесет години на заедничката музичка патека, Панчо и Андреј, познати како ДНК, оставија неизбришлив печат на македонската музичка сцена. Нивните песни не само што станаа евергрини туку и длабоко се врежаа во срцата на многумина, благодарение на емотивните стихови кои допираа до душата.
На популарниот музички бенд ДНК му се случи страшна трагедија кога Андреј Ѓорѓиески го загуби животот во страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, додека Владимир Блажев – Панчо сè уште се бори за живот.
Во оваа тешка ситуација, споделуваме некои од најемотивните стихови на ДНК како омаж на нивната музика и како почит кон сите загинати членови на бендот.
Речиси и не постои човек во Македонија кој деновиве не ги потпевнува стиховите „Ако утре ме нема, еј!…
„Ако утре ме нема“
Ако утре ме нема, еј
Немој да ме жалите
Дигни глава нагоре
Испиј чаша за мене
Ако утре ме нема, не
Ако утре ме нема, еј
Немој да ме жалите
Викни ги другарите, стари песни свирете
И нека свират трубите
Ако утре ме нема.
„Најмила“
Најмила, без тебе денот не започнувa
Најмила, мое сонце, ѕвезда и месечина
Најмила, за мене ти си незаменлива
Една и единствена.
„Посреќна“
Поврзани објави
И рајот ми е пекол ако каже некој
Дека посреќна без мене си
Посреќна без мене си
Излажи го ти секој, само мене немој
Дека посреќна без мене си
Излажи се за момент ти.
„Север и југ“
Зошто е темно без тебе, кажи зошто е
Помислувам на сѐ што имавме, а не сочувавме
Се прашувам и барам одговор, а не знам каде е
Велат време лечи сѐ, но не е така тебе не.
„Стојам сам“
Стојам сам, стојам сам
И сега признавам
Дишам само кога јас те допирам
„Амајлија“
Во едно тажно време
Животот те носи тебе
Ми дојде како ветер
Насмевка чиста ко дете.
„Што сака нека биде“
Кажи ми како без тебе да бидам,
Кога ми требаш, кога ми требаш.
Само со тебе можам да имам сѐ.
Посакуваме Панчо да закрепне и да продолжи да ја негува музиката што ги поврзуваше и која не’ инспирираше сите нас.