Почетна Убавина и здравјеПораката од поранешниот сопруг погодува право во целта – Убавина и здравје

Пораката од поранешниот сопруг погодува право во целта – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Меган Фокс има три сина со поранешниот сопруг и колега Брајан Остин Грин, кого го оставила поради Машин Ган Кели со кого го чека своето четврто дете

Поранешниот сопруг на Меган Фокс, актерот Брајан Остин Грин со кого има три деца, проговорил за раскинувањето на неговата бремена поранешна сопруга со свршеникот Машин Ган Кели.

Наводно, холивудскиот заводник немал поим за раскинувањето, но кога дознал од медиумите, испратил моќна порака до идниот татко.

„Тој е во своите 30-ти години, зар не? Порасни, по ѓаволите, таа е бремена“, изјавил Брајан во едно интервју пред неколку дена.

И покрај бурната реакција, Брајан, кој е татко на четири деца, три има со Меган, а има и 2-годишен син Зејн со танчарката Шарна Берџис, покажал емпатија кон поранешната сопруга.

„Ѝ посакувам сè најдобро. Срцето ми е скршено, бидејќи знам дека беше многу возбудена, а и децата беа многу возбудени поради приновата.“

Но актерот на крајот искажал оптимистичен поглед кон своето мешано семејство.


Поврзани објави

„Се надевам дека сè ќе се реши на најдобриот можен начин. За неа, за бебето и за нашите деца“, продолжил тој.

Да се потсетиме, Меган и музичарот првпат започнале врска во 2020 година, а се свршиле две години подоцна. Во 2023 година, актерката изјави дека имала абортус.

„Никогаш во животот не сум поминала низ нешто слично. Имам три деца, па и на двајцата ни беше многу тешко и тоа беше многу емотивно патување и заедничко и одвоено…“, изјавила тогаш за Good Morning America.

Потоа, го најавија доаѓањето на нивното прво заедничко дете на 11 ноември годинава, но повеќе медиуми објавија дека тие се разделиле еден месец подоцна.

Иако тие го немаат коментирано нивното наводно раскинување, извор близок на Меган тврди дека раперот, и покрај сè што се случило, сака да присуствува на пораѓањето кога таа ќе го донесе на свет нивното прво заедничко дете, а нејзиното четврто. Ова барање, наводно, било шокантно за актерката, која реагирала бурно.

„Како се осмелува воопшто да ја праша такво нешто?“, рекол изворот за „Дејли Мејл“.

ФОТО: Инстаграм