Почетна Убавина и здравјеСе снима филм за Тошет Проески! Стигна и официјалната потврда, еве колку пари се одвоени!

Се снима филм за Тошет Проески! Стигна и официјалната потврда, еве колку пари се одвоени!

од nenad
1 минути читај за

Во Македонија наскоро ќе започне снимањето на филмот за трагично загинатиот пејач Тоше Проески.

Во следните две години ќе се снимаат игран филм, документарец и ТВ-серија во неколку продолженија, кои ќе ги прослават животот, делото и мисијата на трагично починатата музичка легенда Тоше Проески.

Средствата за проектот, во износ од речиси 95 милиони денари, ќе бидат обезбедени од буџетот на земјата, преку Министерството за дигитална трансформација.

Министерот за култура Зоран Љутков објави дека носител на проектот е Македонската радио-телевизија, а семејството на Проески дало согласност за иницијативата.

Копродукциски ќе бидат вклучени неколку национални телевизии од Балканот.

На темата зборуваше и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.


Поврзани објави

Идејата потекна од МРТ и копродукции од Македонија и Балканот, но, секако, инспирацијата, иницијативата, главно ја предводеше претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и во координација со Министерството за култура и со Министерството за финансии во експресно брза постапка се обезбедија средства“, рече Андоновски.

Проески во текот на кариерата стекна регионална слава и стана музичка икона, која успеа да го сплоти Балканот.

Загина на 16 октомври 2007 во сообраќајна несреќа во Хрватска на 26 години.

Фото: printskrin Youtube/Hit Records
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: