Почетна ТехнологијаДИМИТРИЕВСКИ: БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ЗА ГРАЃАНИТЕ НА КУМАНОВО ДО ЈУЛИ 2025 ГОДИНА

ДИМИТРИЕВСКИ: БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ЗА ГРАЃАНИТЕ НА КУМАНОВО ДО ЈУЛИ 2025 ГОДИНА

од nenad
2 минути читај за

Бесплатниот автобуски превоз во Куманово ќе продолжи и во првите шест месеци од 2025 година, одлучи вчера Советот на Општината. Граѓаните ќе можат бесплатно да се возат на 26 линии на јавниот автобуски превоз, кој ќе го субвенционира локалната самоуправа. – Куманово е единствен град со комплетно бесплатен превоз и согалсно сите наши согледувања од 12 до 16 илјади патници се превезуваат на дневна основа на сите тие 26 линии. Тоа е спроед анализите и бројките кои ги добиваме од нашите служби, а инспекциите ревносно го контролриаат тоа, рече градоначалникот на Општина Куманово, одговарајќи на советничко прашање на минатата седница.

Сепак, новитет оваа година е што на барање на превозниците цената за изминат километар ќе биде поскапа за 10 денари. – Во континуитет две години по ред од договрачите на услугите, партнери на општината, добиваме барање за покачување на субвенцијата за минимум 20 денари по километар. Ние ги субвеницонираме автобусите за да возат бесплатно во градот, им дава општината 40 денари по километар, а тие не наплаќаат карта на ниикој, рече тогаш градоначалникот. Тој како пример го зеде градот Скопје, каде советот им дава по 100 денари субвенција, а граѓаните повторно плаќаат билети. – На последната седница превозниците во Скопје, бараа 150, а Советот прифати да им даде 100 денари по километар за да воопшто го одржуваат јавниот превоз, бидејќи имаат свое јавно претпријатие кое не може и нема капциатет даго опслужи целиот град. И повторно со 100 денари наплаќаат градска карта на граѓаните, вели Димитриевски.

Со превозниците е најден заеднички јазик, па наместо бараните 20 денари покачување по изминат километар, ќе изнесува 10 денари. – На последниот состанок во рамки на расположливиот буџет им реков дека немаме можнст да ја покачиме цената за 20, имаме за 10, во спротивно најавија дека ќе откажат и да се вратат на наплата на карта, потенцираше градоначалникот. Како што истакна Димитриевски, тоа значи дека општината по глава на жител ќе троши 1,86 денари дневно за функционирање на превозот. Повеќе на www.kumanovskimuabeti.mk