Тие му беа партнерки на Филип Живојиновиќ
Филип Живојиновиќ, синот на Зорица Накиќ и Боба Живојиновиќ, долги години е во брак со пејачката Александра Пријовиќ, со која го има преслаткиот двегодишен син Александар. Инаку, познат како голем заводник, јавноста често го поврзуваше Филип со познати и непознати девојки. Но, тој јавно претстави само некои од нив како свои избранички.
Со тие девојки главно бил во долги врски, а со речиси сите останал во пријателски односи по раскинувањето. Првата јавна врска ја имаше со Софија Милошевиќ. Двајцата влегоа во емотивна врска во 2009 година, а една година подоцна се свршија. Но, бракот не се случи бидејќи дојде до раскинување и нова љубов.
Нè запозна заеднички пријател. Потоа кратко се гледавме, а потоа се сплеткавме и така… (се смее) – изјави своевремено бившата партнерка на Филип Живојиновиќ и додаде:
Поврзани објави
Искрено, мислев дека кога ќе замине во Америка, ќе му се сменат чувствата, особено што веќе имав една врска на далечина. Но, сфативме дека нашата врска е силна и дека се сакаме. Планирам да одам кај него, најверојатно во март – искрена беше Софија и зборуваше само најдобро за Филип, пишуваше тогаш српски Телеграф.
Мајка ми на почетокот беше скептична, но кога го запозна, се воодушеви бидејќи е многу фин и паметен – откри тогаш манекенката, а на констатацијата дека се кратко време во врската, која станува доста сериозна, таа рече:
Да, затоа што додека беше тука, цело време го поминувавме заедно, па ни се чинеше дека сме заедно многу подолго отколку што навистина бевме – беше искрена до срж Софија, која денес ужива во идеален брак со Лука Јовиќ.
Фото: Инстаграм