Оваа жена лета секоја недела до нејзината практикантска работа затоа што ѝ е поевтино од плаќање кирија за стан. Своето искуство го опиша на социјалните мрежи и целосно ги изненади своите следбеници, но и јавноста, која за нејзината приказна дозна преку медиумите.
Софија Челентано можеби е единствената личност во Америка која претпочита да лета преку две до три држави, во зависност од тоа дали ќе остане кај мама и тато или кај нејзиното момче, за да стигне на стажирање. Патувањето со авион звучи претерано и кога работите со полно работно време, а не пак како практикант, но овој снаодлив патник го прави токму тоа. Минатата година таа им откри на своите следбеници на TikTok дека претпочита да лета со авион отколку да плаќа кирија во Њу Џерси.
Кога била во домот на нејзините родители, таа летала од Чарлстон, Западна Вирџинија, што би значело патување низ Вирџинија, Мериленд и Делавер за да слета во Њу Џерси, а ако престојувала кај своето момче во Ричмонд, Вирџинија, тогаш би прелетала само две сојузни држави.
Зборувајќи за Business Insider, Софија објасни малку повеќе за тоа зошто толку многу се мачела да патува со авион секоја недела до нејзината пракса.
Од моја перспектива, мислев дека не вреди да изнајмам многу скап стан во близина на канцеларијата, ако требаше да бидам таму само осум часа неделно. Никогаш не сум го доживувала патувањето како нешто страшно“, рече таа.
Кога ја почнала својата пракса, станувала околу три часот наутро за да се подготви за авионскиот лет, но сега се буди околу четири и пол.
Прво се шминкам и фризирам, ја облекувам деловната облека, а потоа ја пакувам торбата. Обично пакувам ручек, удобна облека, а потоа земам кафе и одам“, таа ја објасни својата рутина.
@sophiacelentano48 super commuting slay #corporateintern #marketingintern #nycintern #summerinternship #supercommuter #fyp #foryou ♬ original sound – Sophia Celentano
Кога авионот ќе слета, веднаш повикува Uber и пристигнува во канцеларијата „обично околу 8:30 или 8:45 часот наутро“, точно навреме за да почне со работата од 9 до 17 часот.
На крајот од работниот ден, таа се враќа таму каде што престојува околу 23 часот.
Видео: ТикТок @sophiacelentano48