Јована Јеремиќ ја накити новогодишната елка со ќерката Леа, а заедно со фотографиите од празничната атмосфера од нејзиниот дом сподели и неколку впечатоци за годината што доаѓа.
Популарната водителка за својот дом избрала многу мала елка која ја украсила со златни ѕвездички, црвени срциња и машнички. Одозгора има и два бели гулаби кои веднаш го привлекоа вниманието на сите, а нејзините следбеници коментираа дека ги симболизираат Јована и Драган.
Нејзината ќерка Леа, која цело време и помагала на мајка си, најмногу се радувала на украсувањето на елката. Откако завршиле, Јована на социјалните мрежи сподели фотографија од елката и напиша:
Делото на моите раце“.
Поврзани објави
Јеремиќ се наврати на годината што изминува и откри што очекува од следната:
Со оглед на тоа дека сум Вага, во 2025 година партнерството ќе биде најважно, заедно со деловните луѓе и плановите што ќе ги направиме. Следната година ќе ми биде многу посветла од 2024. Ја преживеав и оваа. Нема да зборуван за тоа колку ми беше тешка 2024 година во секој поглед. Ајде да ја испратиме. Ти благодариме 2024 година и добре дојде 2025 година“ – рече Јеремиќ.
Да потсетиме, водителката Јована Јеремиќ се сврши во строга тајност. Имено, нејзиниот партнер, бизнисменот Драган Станковиќ ја сврши со дијамантски прстен токму на нејзиниот роденден на 25 октомври.
Фото: printskrin Youtube/ALO. RS
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: