Почетна МакедонијаЃорѓиевски: Садењето дрвја е инвестиција во здравата животна средина!

Ѓорѓиевски: Садењето дрвја е инвестиција во здравата животна средина!

од nenad
1 минути читај за
Садењето дрвја е инвестиција во здравата животна средина!
Секое дрвце кое го засадуваме денес е симбол на нашата посветеност кон зачувувањето на природата и обезбедување подобар квалитет на живот за сите нас.
Пошумувањето не е само акт на разубавување на просторот, туку и важен чекор во борбата против загадувањето и климатските промени. Грижата за животната средина е високо поставена на листата на приоритети на Кисела Вода, за што говорат седумте новоизградени паркови и 13 спортско-рекреативни центри во овие три години, преку кои, ја оплеменивме општината со 80 000 м2 зеленило.
Сакам да упатам благодарност до заменик- генерaлниот директор на ЈП Национални шуми Кире Михаилов, до компанијата ,,Џонсон Мети” и до отец Оливер и Хуманитарната организација ,,Свети Спас”, кои несебично донираа значителен број дрвца за оваа акција, како и до сите волонтери кои се вклучија.
Исто така и ние како општина обезбедивме брзорастечки дрвца, како уште еден од многуте проекти кои ги реализираме за поздраво и поубаво опкружување.
Од денес, паркот на шахот и Феникс во Драчево ќе бидат побогати за 1000 чемпреси и 500 брзорастечки дрвја.
Ваквите акции ќе продолжат и во иднина, со уште поголем обем и учество. – Орце Ѓорѓиевски, Градоначалник на Кисела Вода.