Почетна Убавина и здравјеСфатила кој е проблемот кај денешните мажи – Убавина и здравје

Сфатила кој е проблемот кај денешните мажи – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Ени Најт во период од една година била интимна со дури 300 мажи, а за оваа година целта ѝ е да ја дуплира таа бројка

Австралијката Ен Најт важи за една од најатрактивните жени во светот. За 2024 година, таа имала шокантна цел – да спие со 600 мажи, а моментално стигнала до 500. Меѓутоа, и покрај сите момци со кои спиела, не може да најде партнер за сериозна врска.

Ени работела во маркетинг-компанија, но добила отказ кога одлучила да отвори профил Only Fans. Сепак, вели дека го пронашла својот пат.

Неодамна изјавила дека благодарение на нејзината шокантна цел, сфатила кој е проблемот кај денешните мажи и зошто е толку тешко да се најде вистинскиот партнер за врска.

Иако е свесна дека нејзината цел дополнително ја отежнува можноста да најде некој кој нема да биде со неа поради сексот, туку од љубов, Ени открила дека со истите проблеми се соочуваат и нејзините пријателки кои имаат сосема различни професии, немаат социјални мрежи и се поконзервативни.

Како што вели таа, социјалните мрежи придонеле за тоа мажите да се навикнат на користење веб-сајтови за запознавање и само вртат лево-десно без размислување.

„Тоа можеби е најголемиот проблем. Мислат дека и од најубавата девојка ќе најдат поубава. Мислат дека таму некаде постои совршена девојка и дека треба да поминат низ неколку минливи врски пред да стигнат до неа. Тоа не е така и не постои совршенство. Мора да се случи љубов, енергија, привлечност“, објаснила таа.

Забележала и двојни стандарди кога станува збор за интимните односи.

„Ако една жена во рок од една недела спие со двајца различни мажи и отворено зборува за тоа, ја нарекуваат лесна жена без морал. Имам колеги што го прават истото што и јас, во смисла на овие забавни цели, но нема да наидете на негативен коментар под нивните објави, туку само на позитивни, особено од страна на мажи“, открила таа.

ФОТО: Инстаграм @annieknight