Пејачката Катарина Живковиќ се врати на сцената и ја одржа промоцијата на својот албум „Kurtizana“. Таа за прв пат проговори за синот Стефан, но и за тоа како се снаоѓа во улогата на мајка.
Катарина, која само четири месеци по породувањето блесна во раскошен фустан од тантела, најпрво си ја отвори душата за песната што ја посвети на својот наследник.
Песната „Anđele moj mali“ е посветена на мојот син и ми е најпосебното нешто во животот, навистина му ја посветив“ – почна Живковиќ, па се префрли на мајчинството.
„Како да сум цел живот мајка. Не се надевав и не верував кога луѓето ми велеа дека тоа ќе се случи само по себе. Не ми треба никој ништо да ми каже, потребите на моето дете ги чувствувам сама. Го сакам најмногу на светот, тато сега се грижи за синот додека јас сум овде“ – додаде Каќа.
Потоа откри дека секоја разделбата со синот, макар и кратка, и е најтешкото нешто:
Поврзани објави
Активно тренирав до шестиот месец, а од шестиот до крајот активно пливав и се грижев за исхраната. Не се јавував на телефон, постојано гледав серии и уживав. Ништо не ми е тешко околу него, сите работи ми се вистинско задоволство“ – рече Катарина на насобраните припадници на седмата сила.
Фотографии од промоцијата може да погледнете ОВДЕ
Фото: printskrin Youtube/Republika TV
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: