Овој човек направил ДНК тест за ќерка му бидејќи била премногу убава, па ја открил шокантната вистина
Оваа крајно несекојдневна и неверојатна приказна е доказ за тоа колку може да нè изненади животот. Приказната започнува во најголемиот град во Виетнам, Хо Ши Мин, каде што се преселиле двајца актери, брачна двојка со ќерка им.
Таткото, чие име не е откриено, со години се сомневал дека тој не е биолошкиот родител на својата ќерка. Имено, како што неговата ќеркичка Лан растела, така неговата загриженост станувала сè поизразена – не можел да пронајде ништо свое на девојчето и сметал дека е премногу убаво за да биде негово.
Неговата причина за сомнеж била прилична бизарна, но нешто однатре го мачело, а на крајот излегло дека бил во право… Во секој случај, сомнежот го прогонувал, па на крајот одлучил да направи ДНК тест.
Резултатите од тестот ги потврдиле неговите претпоставки: тој навистина не бил биолошкиот татко на својата ќерка тинејџерка. Потполно уништен, емотивно се дистанцирал од жена му и ќерка му и се свртел кон алкохолот. На крајот, пукнал и за време на една жестока караница, ја обвинил сопругата Хонг за неверство, велејќи ѝ дека знае дека тој не е таткото на девојчето.
Поврзани објави
Таа остро ги негирала таквите тврдења, а потоа го напуштила и со ќерка им се преселила во Ханои, виетнамската престолнина. Лан се запишала во ново училиште и набрзо се нашла во чудни околности, кои полека почнале да го ткаат патот до вистината за нејзиното потекло.
Имено, Лан во училиште се спријателила со девојче кое било родено на истиот ден како и таа, и тоа во истото породилиште. Со оглед на тоа што и двете славеле роденден на истиот датум, решиле да направат заедничка забава, на која присуствувале и нивните родители.
Излегло дека Лан видливо личи на мајката на нејзината пријателка, што отворило нови прашања кај нејзините родители. По сериозен разговор, двете семејства одлучиле да направат ДНК тестови кои ги потврдиле нивните најголеми стравови – нивните ќерки биле помешани во болницата.
Семејствата сега редовно поминуваат време заедно и многу се блиски, но сè уште не одлучиле дали ќе покренат судска постапка против болницата поради огромната направена грешка.
ФОТО: Kelly Sikkema / Unsplash