Почетна ТехнологијаАДМИНИСТРАТИВНИ ПРЕЧКИ ЈА КОЧАТ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА Љутков најавува брзо продолжување на работите за Универзалната сала

АДМИНИСТРАТИВНИ ПРЕЧКИ ЈА КОЧАТ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА Љутков најавува брзо продолжување на работите за Универзалната сала

од nenad
1 минути читај за

Министерот додаде дека измените на Законот за култура, кои се неопходни за Министерството за култура и туризам да добие надлежност над локалните и градски установи како Универзалната сала, веќе се во собраниска процедура.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков информираше дека случајот со реконструкцијата на Универзалната сала во Скопје е во напредна фаза, но се очекува да се откочат административни пречки. Љутков, кој беше присутен на настан во Македонскиот народен театар, истакна дека работи интензивно на решавање на овие прашања и дека повеќе работни групи се ангажирани околу проектот.

– Јас лично сум посветен на овој процес и најголем дел од времето го посветувам на решавање на проблемите што го попречуваат. Неколку работни групи се на терен и активно се трудат да го забрзаат процесот – изјави Љутков. Министерот додаде дека измените на Законот за култура, кои се неопходни за Министерството за култура и туризам да добие надлежност над локалните и градски установи како Универзалната сала, веќе се во собраниска процедура.

– Се надевам дека до крајот на месецов законот ќе биде изгласан во Собранието, што ќе овозможи непречено да продолжиме со реконструкцијата – посочи Љутков. Осврнувајќи се на административните бариери, Љутков објасни дека постојат „три до четири клучни точки“ што го забавуваат процесот, но истакна дека се работи на нивно надминување.

– Верувајте, работиме многу брзо и посветено. Но, некои административни задачи сепак бараат време за да се решат – додаде тој. Во врска со рокот за завршување на реконструкцијата пред локалните избори, Љутков изрази надеж дека постапката ќе биде завршена навреме. – Тендерите се веќе распишани, така што очекуваме наскоро да го започнеме извршувањето – заклучи министерот.