Дали знаете како правилно се приготвува руска салата?
Во некои јазици оваа салата е позната како „руска“, а во некои јазици како Оливие салата (руски, украински, германски, англиски).
Оваа салата има доживеано неколку измени, а оригиналниот рецепт драстично се разликува од оној што го знаеме денес.
Салатата Оливие е наречена по нејзиниот креатор Лусиен Оливие, кој бил сопственик на ресторанот „Ермитаж“ – еден од најдобрите во тоа време. Оваа салата им ја послужил на своите гости, а таа набрзо станала заштитен знак на овој ресторан.
Самиот рецепт бил долго чуван како строга тајна, а првпат бил објавен на 31 март 1894 година.
Поврзани објави
Еве кои се состојките на оригиналната руска салата:
- варен компир
- морков
- кашкавал
- крупни кикирики
- зелен грашок
- јајца
- корен од целер
- кромид
- варено пилешко месо
- јаболка со тиквички – посолена, забиберена и премачкана со сенф
- мајонез
Оттогаш, рецептот за приготвување руска салата многу се има променето, а скапите состојки се заменети со подостапни. Сега стандардната руска салата содржи: варен компир, варен морков, шунка, јајца, кисели краставички, грашок и мајонез.
ФОТО: Принтскрин Јутјуб / FFB Blonde in the Kitchen