Рибјата чорба е специјалитет што многумина го обожаваат, а може да се приготви на илјадници различни начини
Многумина се плашат да приготвуваат рибја чорба мислејќи дека е премногу комплицирано, но еве како брзо и лесно да приготвите чорба од пржен ослиќ што ќе ја обожавате.
Состојки:
- 6-7 парчиња пржен ослиќ
- 1 главица црвен кромид
- 2-3 чешниња лук
- 1 морков
- 300 мл доматен сок
- 1 суво луто пиперче
- мелена црвена слатка и лута пиперка, по вкус
- сол по вкус
- бибер по вкус
- оригано по вкус
- 2 лажици брашно
- масло по потреба
- вода по потреба
- лист од магдонос, по желба
Приготвување:
Поврзани објави
На малку масло запржете ситно сечкана главица црвен кромид. Додајте брашно и пржете додека зарумени. Тргнете го од оган и додајте по едно лажиче мелена слатка и лута пиперка. Сипете околу литар млака вода.
Исечкајте го морковот на тенки крукчиња, ситно исечкајте го лукот и луто пиперче, по желба. Исчистете ја рибата од коските, скршете ја на парчиња и ставете ја во чорбата. Сипете доматен сок.
Додајте зачини по вкус и варете околу 30 минути. По потреба, додајте млака вода па зачинете ја зготвената чорба со свеж магдонос.
Добар апетит!
ФОТО: DONGWON LEE / Pixabay