Table of Contents
Тие постојано се жалат и со тоа ја нервираат околината, но таква им е природата и едноставно не можат да се воздржат
Некои хороскопски знаци како да имаат природен талент да се жалат – на тој начин се ослободуваат од насобраниот стрес, но затоа речиси секогаш ги нервираат луѓето околу себе.
Сите ние имаме пријател или колега кој постојано се жали апсолутно за сѐ: за времето, за метежот, за најновите случувања во светот…
Овие три знака се експерти за тоа…
Рак
Раковите се чувствителни и емотивни, а нивната потреба за емоционално изразување честопати вклучува детално опишување на сето тоа што ги мачи. Без разлика дали станува збор за пресилното сонце, за стресот на работа или за тоа како некој лошо ги погледнал, Раковите со задоволство го споделуваат тоа со другите и го повторуваат одново и одново.
Нивните жалби најчесто имаат цел да изнудат поддршка и разбирање, но понекогаш на луѓето им е тешко да се справат со нивните постојани изливи на емоции. Ако им кажете да престанат, Раковите тоа би можеле да го сфатат како личен напад и да се повлечат. Секако, додека ја најдат следната жртва на која ќе можат да ѝ се пожалат.
Поврзани објави
Девица
Девиците се перфекционисти, секогаш забележуваат кога нешто не е на место и дефинитивно укажуваат на тоа. Не постои детаљ што Девицата може да го испушти, па затоа тие нема да премолчат на погрешно превиткани листови, на нечија неуредна маса или нељубезна келнерка.
Нивните жалби честопати се мотивирани од нивната искрена желба да ги подобрат работите, но нивната потреба за поправки може да биде исцрпувачка за околината. Девиците се жалат и на најмалите несовршености, па ако сте во друштво на перфекционистичка Девица, подгответе се за низа критики кои полека но сигурно ќе ви го креваат крвниот притисок.
Јарец
Познато е дека луѓето родени во знакот Јарец се сериозни и одговорни, а кога работите не им одат по планот, се жалат на сите препреки што ги забавиле. Нивните жалби обично се однесуваат на обврските, задачите и роковите. Ако некогаш сте биле во друштво на Јарец кој се соочил со неред или со несовршена организација, веројатно веќе сте запознаени со нивните безбројни замерки.
Јарците сакаат да работат по распоред, па секоја промена на планот или мала грешка ќе бидат доволни за да покренат лавина критики. Тие се експерти за прераскажување на сопствените неволји, па ако мислите дека игнорирањето ќе ги сопре, грешите. Јарците ќе се жалат додека се реши ситуацијата.
ФОТО: kinkate / Pixabay