Многумина секое утро прават кобна грешка кога го приготвуваат појадокот, што може скапо да ги чини
Јајцата се производ што многу често се користи во секое домаќинство. Важни се за приготвување многу јадења, но чест избор се и како појадок или вечера.
Но покрај тоа како ги приготвувате, многу е важно и со што ги јадете јајцата, а многумина токму тука грешат.
Имено, белките се неверојатен извор на протеини, а жолчките се полни со витамини и минарели, вклучувајќи витамин А, Б12, селен, колин и лутеин. Па така, јајцата се здрави и хранливи, но за да го извлечеме максимумот од нивните придобивки, треба да внимаваме на тоа како ги приготвуваме.
Многу диететичари и нутриционист велат дека дефинитивно најнездравиот начин на приготвување јајца е пржењето на многу масло и на силен оган.
Освен тоа, ако ги пржите јајцата на путер, може да уништите некои од нивните здравствени придобивки. Јајцата содржат малку заситени маснотии, но штом во смесата додадете путер, заситените маснотии во вашето јадење растат. А тоа не е пожелно, бидејќи прекумерното количество на заситени маснотии во исхраната е тесно поврзано со срцевите болести.
Поврзани објави
Имајте на ум дека не треба да го одбегнувате само путерот. Кокосовото масло и маста од сланина исто така се лоши, како и готвењето јајца во тепсија или додавањето големи количества на заситени маснотии во форма на павлака или сирење. Користењето на овие состојки може да го намали нутритивниот профил на јајцата.
Најнездраво е ако ги пржите јајцата на силен оган. Кога готвите на високи температури, маслото оксидира, што поттикнува воспаленија во телото. Па затоа треба да користите масла што оксидираат на повисоки температури, како што е маслото од авокадо.
Приготвувањето јајца со минимално маснотии или со употреба на незаситени масти, како маслиново масло или масло од авокадо, е поздрава алтернатива.
Тврдо варените и пошираните јајца се приготвуваат без употреба на дополнителни маснотии, што ги прави значително поздрава опција.
Но освен тоа како ги приготвувате, важно е и со што ги јадете јајцата. Послужете јајца со голема порција зеленчук, за да добиете дополнителни нутриенти и влакна. Темниот листест зеленчук, како кељ, спанаќ и рукола е одличен додаток за јајцата, како и зеленчукот како аспарагус, брокули, пиперка и кромид.
ФОТО: Elena Mozhvilo / Unsplash