Борис Бекер денес ужива со 23 години помладата сопруга, но јавноста сѐ уште ги нема заборавено неговите афери
Поранешниот тенисер и тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер, на 54 години живее втора младост. Многумина велат дека големите заводници обично остануваат сами по 50-тата година, но Борис неодамна се оженил со 23 години помладата девојка Лилијан де Карвалјо Монтеиро.
Покрај бројните познати личности, не можело да помине незабележано отсуството на две важни личности. Имено, синот на Бекер, Амадеус, и ќерка му Ана Ермакова не се појавиле на венчавката на својот татко. Инаку, Бекер има вкупно четири деца од претходните бракови, како и од вонбрачните заедници. Има два сина Ноа и Елиас со својата прва сопруга, германската манекенка Барбара Фелтус.
Неговиот однос со ќерка му Ана отсекогаш бил под лупата на јавноста, поради начинот на кој ја добил. Имено, додека неговата сопруга Барбара се пораѓала, Борис имал афера со руската келнерка Ангела Ермакова, која ја запознал во ресторан, додека чекал да се породи жена му. По пет минути муабетење, тие завршиле во шпајзот за метли и како резултат на тој однос се родила ќерка му Ана.
Поврзани објави
Потоа, во бракот со Лили Керсенберх го добил синот Амадеус, кој исто како и неговата постара полусестра, не се појавил на венчавката на својот татко.
Инаку, 24-годишната Ана е многу популарна на социјалните мрежи и секојдневно споделува моменти од својот живот со повеќе од 150 илјади луѓе на Инстаграм.
Многумина шпекулираат дека една од причина за отуството на Ана од венчавката би можел да биде фактот што таа е само 9 години помлада од својата маќеа, па разликата меѓу нив две е многу помала од онаа меѓу Борис и Лилијан.
ФОТО: Инстаграм