Делот околу очите има потреба од посебна нега, како чувствително подрачје. Но повеќето од нас ги прават следните грешки.
Кожата околу очите е многу потенка отколку на другите делови од лицето или телото и затоа најмногу страда од надворешни влијанија и прва покажува знаци на стареење. Очите се нарекуваат „огледало на душата“, но тие се и „огледало“ на нашето тело. На некои болести може да укажуваат и отоци, вреќи под очите, темни кругови.
Со тенката кожа околу очите треба да се постапува со големо внимание. Дознавме кои се најчестите грешки во негата на овој предел.
Не ја хидрирате кожата доволно
На кожата околу очите и е потребна постојана хидратација. Користете маски – можете да ги направите дома (има многу рецепти на Интернет) или купете специјални серуми или ампули кои можете да ги користите како маска еднаш или двапати неделно, нежно триејќи ги во пределот.
Не ја отстранувате шминката
Ова е најлошата грешка што може да се направи. Никогаш не оставајте шминка преку ноќ, без разлика колку сте уморни кога ќе се вратите дома! Дури и кога не сте дома, обидете се да ги исчистите очите барем со влажни марамчиња или да ги исплакнете со топла вода. Па, дома, со сите специјални средства за чистење, креми, серуми, миењето на шминката е задолжително!
Поврзани објави
Ја натрупувате кожата
Сите козметички производи ги затнуваат порите. Подлоги, пудри, сенки, моливи или моливчиња за очи, маскара… Сето тоа се таложи на кожата, ги затнува порите и може да предизвика акни и митесери. А таквите проблематични манифестации на кожата на очните капаци можат да прераснат во чирови кои се опасни за отстранување во близина на окото или брадавици кои долго ќе ја „красат“ кожата.
Како да се грижите за кожата
Не смеете да ја триете кожата на очните капаци. Поради отсуство на масен слој, кожата е помалку еластична. Ако ја истегнете премногу, ќе треба долго време да се врати во првобитната положба. Може да се формираат набори, кои подоцна ќе се претворат во брчки. Затоа треба многу внимателно да ги чистите очите: нанесете средство за отстранување шминка на памук, ставете го на очниот капак и оставете го 30 секунди. А потоа многу нежно избришете ги очите за да ја отстраните шминката. Истото и со миењето: не ги тријте очите со сунѓерчиња, подобро е внимателно да ги измиете со прстите.
Масирањето на очните капаци е добар начин да се отстрани отокот наутро или да се ублажат уморните очи навечер. Но, треба да бидете многу внимателни со масажата. Исто така – без триење или премногу интензивен притисок. Кожата околу очите треба да се масира со прстите, без дополнителни алатки за масажа. Земете го вашиот вообичаен крем за очи или специјален серум за масажа (или само за очните капаци). И движете се строго во линии за масажа: од надворешниот агол на окото до внатрешниот агол на долниот очен капак и од внатрешниот кон надворешниот агол на горниот очен капак.
Фото: Freepik.com