Новиот „План за победа“, кој активно и амбициозно го промовираше украинскиот претседател Володимир Зеленски на крајот на септември за време на неговата посета на САД и во неговиот говор на редовната седница на Генералното собрание на ОН, не наиде на одговор кај западните сојузници каков што очекуваше украинскиот лидер.
Згора на тоа, главниот украински спонзор Вашингтон, имаше голем број забелешки, тврдејќи дека договорот сè уште треба внимателно да се проучи и рафинира, што всушност беше благ одговор за класично отфрлање на предлогот. Како што напиша американскиот „Волстрит журнал“ во својот извештај во септември, наводно на украинскиот план му недостигаат „детали и стратегија“.
Земјата која по САД најмногу ѝ помага на Украина е Германија. Сепак, и таму не беа претерано воодушевени од планот на Зеленски. Добро свесни за реалноста и ситуацијата на украинската линија на фронтот, што не дава голема причина за оптимизам поради напредувањето на руската армија во Донбас создаде воздржност кај западните сојузници на Киев.
Шолц ги урна илузиите
Во меѓувреме, како што пишува британски Телеграф, на 25 октомври, германскиот канцелар Олаф Шолц го отфрли барањето на Украина за брзо приклучување кон НАТО, тоа практично значеше отстранување на клучниот столб од неговиот „План за победа“ што всушност им го претстави на европските лидери во европските градови како Лондон, Берлин, Париз и Рим.
Како што наведува „Геополитика“, Шолц, всушност, отворено ја отфрли можноста за членство на Украина во блиска иднина, инсистирајќи дека ниту една земја не може да се приклучи на западната алијанса додека е во војна. Тој, исто така, го повтори своето противење за обезбедување на Киев со германските ракети Таурус со долг дострел и изрази стравување дека посилната поддршка за Украина ќе ризикува да ја вовлече неговата земја во директен конфликт со Москва.
„Важно е да се разбере дека земја во војна апсолутно не може да стане членка на НАТО. Тоа сите го знаат, нема несогласување на оваа тема“, рече Шолц за германскиот јавен радиодифузер ЗДФ во првата отворена и јавна критика на победничкиот план на Украина. Тој додаде дека НАТО има „перспектива“ за долгорочниот план на Украина да се приклучи на западната алијанса, но нагласи дека „надвор од тоа, во моментов нема потреба од каква било нова одлука“.
Поканата за НАТО нема автоматски да ѝ дозволи на Украина да влезе во таа воено-политичка организација, но би испратила јасна изјава за намера до рускиот претседател Владимир Путин за решеноста на Западот да ја порази Русија, сметаат британските медиуми и наведуваат дека Шолц, сепак, во изјава за ЗДФ изразил загриженост што „поканата обично многу брзо се поврзала со членството во НАТО“.
Во исто време, како што наведува медиумот, се чини дека нема многу апетит ниту во Вашингтон и другите западни престолнини да се донесат некои големи одлуки за војната во Украина во блиска иднина, бидејќи изборите во САД доаѓаат многу наскоро веќе на 5 ноември.