Почетна МакедонијаМицкоски на состанок организиран од Мерц: Потврдена поддршката на Македонија за постигнување мир во Украина (ФОТО)

Мицкоски на состанок организиран од Мерц: Потврдена поддршката на Македонија за постигнување мир во Украина (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за

Foto: Facebook/Hristijan Mickoski

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во Берлин учествуваваше на состанокот на Коалицијата на волните, посветен на актуелната состојба во Украина и напорите за постигнување мир.

Foto: Facebook/Hristijan Mickoski

На состанокот организиран од германскиот канцелар Фридрих Мерц беше истакната важноста на засилените напори за завршување на војната, како и потребата од заедничко дејствување на европските партнери и САД. Ја потврдивме поддршката на нашата земја за напорите за постигнување праведен и траен мир во Украина, преку дијалог, дипломатија и координација со нашите сојузници, посочи  Мицкоски.


Post Views: 85