Почетна МакедонијаНе ни треба ЕУ, можеме и сами?!

Не ни треба ЕУ, можеме и сами?!

од nenad
1 минути читај за

Всушност, сега кога опозицијата ги блокира преговорите, нужноста се прогласува за доблест. Се повторуваат како ехо зборовите на водачот на партијата на македонските националисти кој, немајќи своја понуда за европска интеграција, најавува „подобри времиња за Македонија каде со сопствени сили ќе изградиме иднина каква што секој еден човек заслужува“. Зборови тешки како планина на еден неискусен млад политичар кој не знае што го чека.

   

Всушност, главно е да се добијат изборите, вистината не е важна. А вистината е дека на ниту една држава од Источна Европа овие триесет години не и успеало да се реформира без силна поддршка на Унијата. Да можеле државите сами, без Унијата, основачките земји никогаш и не би ја формирале.

Затоа, и во неуспехот на нашата држава да продолжи со преговорите со ЕУ, да не креваме нова еуфорија со која ќе го оправдаме. Да кажеме, барем, дека е подеднакво важна поддршката од ЕУ за една сиромашна земја со популација и политичка елита која ја крактеризира ориенталниот измамнички менталитет колку и вољата за демократска промена која треба со боринка да ја бараме за да ја најдеме. Тоа би било чесно иако јас лично мислам дека без поддршка нема реформирана Македонија. Но, не! Ние можеме сами, не ни треба ЕУ! Како во басната на Лафонтен за лисицата и грозјето.

Денко Малески