Кејти Холмс е позната по својот елегантен изглед, но овој пат направила модна утка
Актерката Кејти Холмс прошетала по улиците на Њујорк по краткото патување во Италија и несомнено им го привлекла вниманието на случајните минувачи. Нејзината комбинација совршено се вклопува во есенскиот амбиент на градот, иако предизвикала различни реакции кај вљубениците во модата.
Кејти носела сина ролка, која не ѝ ја следела линијата на телото и изгледала прилично неугледно во неа, но ѝ оставила простор за слоевито облекување, кое е пожелно за студените есенски денови.
Поврзани објави
Посебен акцент на стајлингот му дале панталоните со пепито дезен во жолта боја, кои потсетуваат на естетиката од 1990-тите. Иако овој избор е оригинален, панталоните со широк крој изгледаат како да висат, што остава лежерен печат, но според мислењето на многумина, изгледаат неуредно. И покрај тоа, нејзиниот изглед зрачи со носталгична елеганција која е препознатлива за нејзиниот стил – едноставен, удобен и со доза на ретро-дух.
Кејти уште еднаш покажала дека умее да го спои минимализмот со старинската естетика, иако овој моден избор на улиците во Њујорк бил далеку од стандардниот гламур.
ФОТО: Принтскрин Инстаграм @katieholmes