Почетна Убавина и здравје„МЕ БОЛИ ЗА СЕ!“(ФОТО) – Убавина и здравје

„МЕ БОЛИ ЗА СЕ!“(ФОТО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



На ревијалната вечер на сцената на Макфест, викендов во Штип ја видовме и поп пејачката Елена Ристеска која се врати со сосема променет изглед.

Пред почетокот на настапот таа рече дека „нема натпреварувачки дух“ но дека носи заразна песна која, меѓу другото, порачува да не се биде негативен.

 

Музиката, аранжманот и продукцијата на песната се на Александар Масевски, а текстот е напишан од Масевски и Ристеска.

Елена на сцената блесна во виолетов комплет во комбинација со високи потпетици, додека косата ѝ беше уредена во предимензионирани плетенки. Изгледот го комплетираше со виолетови очила, а песната ја изведе седејќи на фотелја на сцената.

Од тимот на Елена најавуваат дека „Ме боли за сè“ наскоро ќе го добие својот официјален видео запис.

 

Фото: Инстаграм Принтскрин @elenaristeska_era https://www.instagram.com/p/DBgjFt6oyNv/?img_index=1