Почетна Убавина и здравјеШто ни се случи?! – Убавина и здравје

Што ни се случи?! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Во денешно време, недела е ден за трговски центар, натпревари и игротеки…

Зошто веќе не ни доаѓаат гости во недела? Што ни се случи? Зошто средбите ги закажуваме во паркчиња, на пикници, во кафулиња, во игротеки или ресторани? Каде исчезна таа наша гостопримливост кога пречекувавме гости со внимателно зготвен ручек и домашни колачи?

Сигурно се сеќавате… Доцни 1980-ти, рани 1990-ти години: мајката набрзина ја средува куќата, става чаршав на масата, ги замолува децата да си ги средат играчките, додека ручекот се крчка во кујната.

„Уште малку и готово е, само уште да го премачкам прасето со пиво и да ја намалам рерната, да се крчка“, си зборува за себе додека буквално лета низ цела куќа.

Таткото носи шишиња пиво и ги става во фрижидер, го „гланца“ украсното шише за домашна ракија, бара чашки да му бидат при рака, проверува дали има „жолт и црвен сок“.

Децата немаат јасна претстава што се случува, но знаат дека атмосферата е весела, па еуфорични се само од тоа. Почнуваат да мислат дека и тие треба да бидат корисни, па забрзано ги прередуваат играчките, иако така прават уште поголем неред.

„Те молам исчешлај се убаво и облечи го испегланото фустанче што ти го ставив на кревет“, вели мајката на поминување.

Децата брзо се спремаат, без приговор, бидејќи гостите само што не пристигнале.

Ова се едни од најубавите сеќавања од детството.


Поврзани објави

Мирис на добра, домашна храна, еуфорија поради гостите, убаво облечени мајка и татко и некоја празнична атмосфера во воздухот.

Така беше некогаш! Гостите доаѓаат и веднаш се сместуваат на големата трпезариска маса. Наместо „како сте?“, домаќинката им вели „сигурно сте гладни“, како да истрчале маратон.

Сите заедно јадат и разговараат, така подобро се запознаваат. Подоцна, мажите се преместуваат во дневната соба да испијат по некоја чашка „домашна“, а жените заедно мијат садови во кујната и си муабетат уште поопуштено. Децата весело си играат во соба, делејќи си ги играчките, без караници.

Подоцна, домаќинката со помош на гостите вари кафе, па сите се сладат со домашни колачи додека опуштено муабетат.

Потоа, гостите заедно со домаќинот одат на обиколка на станот или куќата. Сакаат да видат сѐ: спалните соби, плакарите, колекциите на плочи и пијалаци.

Денес, веќе ја нема оваа култура. Никој не сака да чека гости, а дури и кога ќе дојдат, ги пречекуваме со кафе и купечки колачи.

Жените ретко готват, а уште помалку сакаат да го прават тоа за викенд – полесно е во ресторан!

Домаќинот веќе не прави домашна ракија, па не ја ни служи.

Што ни се случи? Каде исчезна гостопримливоста со која зрачевме некогаш?

ФОТО: Unsplash