Почетна МакедонијаУтре на Школка младите ќе имаат можност да ги запознаат воздухопловните професии

Утре на Школка младите ќе имаат можност да ги запознаат воздухопловните професии

од nenad
1 минути читај за




На саемот ќе бидат присутни воздухопловни ентитети од земјата и регионот како и професионалци од разни сфери на воздухопловството кои ќе се обидат да им ја доближат авијацијата на младите, се наведува во соопштението од АВИКОН

Фото: АВИКОН

Здружението за подобро воздухопловство АВИКОН од Скопје, по четврти пат ќе го организира настанот „SKOPJE AIR FAIR“, информираат оттаму.„Овој едукативен саем кој им ги претставува воздухопловните професии на младите традиционално ќе се одржи на локацијата Школка во Градскиот Парк во Скопје, оваа сабота, 26 октомври, со почеток од 11 часот.

На саемот ќе бидат присутни воздухопловни ентитети од земјата и регионот како и професионалци од разни сфери на воздухопловството кои ќе се обидат да им ја доближат авијацијата на младите“, се наведува во соопштението од АВИКОН.

Антонија Поповска, МЕТА.МК