Почетна ТехнологијаПоради дојава за бомба итно евакуиран аеродромот во Сараево

Поради дојава за бомба итно евакуиран аеродромот во Сараево

од nenad
1 минути читај за




Меѓународниот аеродром во Сараево денеска е евакуиран поради дојава за поставен експлозивен предмет. Како што јави Радио Сараево, сите патници изутринава биле итно евакуирани. Истовремено, прекинати се сите летови, а во тек е и контрадиверзантска проверка која може да трае неколку часа, пишува Дневни аваз.

„По добиената анонимна дојава за наводно поставување експлозивни направи во реонот на меѓународниот аеродром во Сараево, надлежните служби веднаш ги презедоа сите неопходни мерки согласно важечките безбедносни протоколи. Се спроведува детален контрасубверзивен преглед. Во соработка со надлежните безбедносни агенции се обезбедува целосна безбедност на сите патници и вработени на аеродромот“, се вели во соопштението на аеродромот.