Препознајте ги и елиминирајте ги негативните мисли кои прават да се чувствувате осамено.
Доколку ви падне на памет следново, веднаш сменете го правецот на размислување, бидејќи на овој начин самите се спречувате да изградите добри и среќни односи.
1. ,,Сам ќе ме најде“
Ова се јавува кај девојки кои се уште не ја пронашле својата личност и чекаат судбината сама да проработи. Понекогаш треба да преземате иницијатива и одговорност во свои раце.
2. ,,Мора да ме освои“
Времињата кога мажот со години го бараше вниманието на својата сакана се веќе минато и немаат никаква врска со реалното време. Иницијативата за комуникација треба да биде поддржана од девојката. Секогаш е поубаво кога има реципроцитет во врската, а не бркање по некој кој постојано бега.
Поврзани објави
3. ,,Не заслужувам добар човек“
Ако се појави таква мисла, треба да поработите на самодовербата. Се додека размислувате вака, ништо нема да се смени. Секој човек е уникатен, со свои карактеристики, силни и слаби страни. Не треба да се фокусирате на вашите слабости, туку да ги зајакнувате и развивате вашите силни страни. Вие го заслужувате најдоброто, запомнете го тоа и тргнете во таа насока.
4. Мажите сакаат ,,кучки“
Надворешната привлечност и „остриот“ карактер привлекуваат внимание, но не за долго. За мажите кои сакаат силни и здрави врски, таквиот критериум не е главен. Љубезноста, поддршката, способноста за компромис се квалитети кои мажите сакаат да ги видат кај своите жени.
5. ,,Сите мажи се исти“
Честопати таквите мисли се појавуваат поради лоши искуства во минатите врски или се поврзани со проблеми во односите меѓу родителите. Со отпишување на мажите и давајќи им на сите негативна оценка, ризикувате да пропуштите добар кандидат.
Фото: Freepik.com