Почетна Убавина и здравјеПостојано им е лето и берат овошје преку целата година – Убавина и здравје

Постојано им е лето и берат овошје преку целата година – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Овие Швеѓани се досетиле старата летна куќа да ја заградат со стаклена купола и така да создадат ефект на стаклена градина

Мари и Чарлс нашле фасцинантен начин да им биде лето преку цела година. Животот во Шведска знае да биде малку ладен, особено во зимските месеци, кога најмногу се троши на добро греење.

Но Чарлс и Мари изградиле стакларник околу својата летна куќа и направиле еколошки дом во Стокхолм, и тоа таков што преку целата година уживаат во температура од 22 степени, која е идеална за садење овошје и зеленчук.

„Оваа куќа е како меур од сапуница. Секогаш е топло во неа. Ја приспособивме така што ја средивме фасадата на куќата. Сега таа е од дрво премачкано со масло, кое никогаш не кисне, па и не пропаѓа. Од друга страна, го извадивме покривот од куќата и добивме тераса која е пространа и светла. Налето го отвораме стаклениот покрив, така што се изедначува температурата, а во зима стакларникот ја штити куќата од студ“, раскажала Мари.

ФОТО: Принтскрин Јутјуб

Куќата има изолација и топлина што се задржува и кога температурата надвор е во минус. Единствената разлика меѓу оваа и другите куќи е во тоа што овој брачен пар не користи греење толку често, а во текот на целата година одгледуваат краставици, смокви, грозје, домати и зачинско билје, па дури и за време на нордиските зими, кога овие култури не би преживеале.

Овие сопружници добиле инспирација за куќата од еко-дизајнерот Бенгт Варне, кој во 1974 година го дизајнирал првиот стаклен дом со име „Природна куќа“.


Поврзани објави

ФОТО: Принтскрин Јутјуб

Куќата е заградена со стаклен ѕид со дебелина од 4 милиметри, кој ги чинел околу 84.000 долари. При изградбата на стаклената купола околу куќата, двојката оставила доволно простор за да може да одгледува и градина околу куќата.

„Стаклото е безбедно. Во принцип, не може да се скрши. Но ако некогаш се случи тоа, само ќе се изрони во ситни парчиња и нема да може да повреди никого“, открил Чарлс.

Погледнете како изгледа оваа неверојатна куќа во видеото во продолжение…

ФОТО: Јутјуб