Севиќ блескаше на нејзината роденденска забава…
Водителката на популарното музичко натпреварување Ѕвездите на Гранд и пејачка, Ана Севиќ го прослави својот 39-ти роденден.
По тој повод Ана приреди забава, а кадрите од прославата ги сподели на својот Инстаграм профил.
Таа носеше тесен, бел фустан со длабоко деколте, па нејзините бујни облини беа во преден план.
На фотографиите можеме да ја видиме Севиќ со насмевка на лицето како ги дува свеќите на прекрасната, розово-бела торта.
Поврзани објави
Покрај тоа, таа позираше и во прегратките на својот сопруг Даниел Недељковиќ.
Ана ја искористи приликата јавно да им се заблагодари на сите нејзини пријатели и фанови кои и го честитаа роденденот.
Ви благодарам на сите за прекрасните честитки, голем благослов е да ве имам сите во мојот живот и да добивам толку многу желби и позитивна енергија! Ви благодарам од се срце! Универзуме, ти благодарам за сè. Ве сакам, живели“ – напиша водителката во описот на објавата.
Фото: printskrin Youtube/HYPE TV и Instagram printscreen/anasevicofficial
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: