Некогаш обожаваното десетточлено семејство Госелин денес живее комплетно поинаку
И покрај обвинувањата со кои се соочува во последно време, Кејт Госелин не ја симнува насмевката од лицето и сè почесто е присутна во јавност. Џон и Кејт Госелин се прославија со учество во реално шоу на TLC.
Во 2007 година, Џон и Кејт Гослин им ги освоија срцата на гледачите во едно од најгледаните шоуа на сите времиња на TLC. Две години имавме можност да гледаме како оваа брачна двојка се грижи за своите две близначки Кари и Меди, како и за шесторката Алексис, Хани, Ејден, Колин, Леа и Хоуп.
Но најголемо внимание привлече нивниот развод и хаосот по него. Нивното семејство со брзина на светлината стана предмет на коментари и шпекулации, а децата се најдоа во незгодна ситуација, со оглед на тоа што мораа да одберат дали ќе застанат на страната на мајка им или на татко им.
Години подоцна, децата пораснаа, Џон и Кејт си најдоа среќа покрај нови партнери, но драмата не е завршена. Имено, Џон ја обвини својата поранешна сопруга за злоупотребување на децата, како и за занемарување.
Поврзани објави
Во 2019 година Кејт се обиде да го документира својот живот како самохрана мајка во TLC серијата Kate Plus Date. Во меѓувреме, Џон ја прекина својата седумгодишна врска со девојка му Колин Конрад. Сепак, по децениско молчење, Џон откри некои шокантни тврдења за децата, што доведе до големи промени во нивните животи.
Кога Џон и Кејт се разведоа, сите деца останаа да живеат со својата мајка. Но тоа се менуваше низ годините.
Кејт неодамна заврши на насловните страници кога нејзиниот 20-годишен син Колин јавно ја обвини за малтретирање додека бил дете.
„Мајка ми направи соба во нашиот недовршен дел од подрумот за складирање. Имаше соба со камери и мало прозорче во аголот, кој беше заклучен однадвор. Тоа беше како соба за притвор и имаше душек на подот. Така живеев јас.“
Исто така навел дека Кејт го сместила во институција во 2016 година, поради што на крајот го отпуштиле од маринците. Поради неговата комплицирана историја со мајка му, Колин со години бил отуѓен од своите 23-годишни сестри, близначките Меди и Кари, како и од Алексис, Аден, Ли и Џоел. Колин поголемиот дел од своите тинејџерски години ги поминал живеејќи со Џон и сестра му Хана.