Почетна Технологија93 имотни листови, имот вреден 60 МИЛИОНИ ЕВРА – Еве што има најбогатата партија во Европа во 2016 – Колку ли има сега?

93 имотни листови, имот вреден 60 МИЛИОНИ ЕВРА – Еве што има најбогатата партија во Европа во 2016 – Колку ли има сега?

од nenad
1 минути читај за

Ако ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година имала имот од 60 милиони евра, колку имот има сега? – прашува во објава на Фејсбук Никола Петров, активист на Левица од Гевгелија. – ВМРО-ДПМНЕ е една од најбогатите партии во Европа според квадратурата која ја поседува како политичка партија. Има 93 имотни листа за партиски седишта низ Македонија во кои имотни листови се впишани 33.238 метри квадратни објекти, земјоделско земјиште и пасишта. Според пазарната вредност, вкупниот имот се проценува на околу 60 милиони евра, додека само новото седиште на партијата во центарот на Скопје вреди околу 40 милиони евра. После ВМРО-ДПМНЕ најголем имот во Европа поседува Партијата на Центарот во Шведска, чиј имот се цени на околу 53 милиони евра.