Можеби имате само 50 години, а другите ве гледаат како да сте во седмата деценија, бидејќи ширите аура на старост
„Имаш 50 години? Па, така и изгледаш“ – многу е непријатно кога ќе добиете ваков „комплимент“. Но многу полошо е ако ви кажат дека изгледате постаро одошто навистина сте. Освен тоа, ако сте остареле психички, тогаш брзо ќе остарите и физички.
Како да ги победите седумте видливи знаци на психолошка старост?
1. Прекумерна тежина – На ова додајте уште 10 килограми на секои пет години. Психичките проблеми предизвикуваат прекумерна тежина, но и неспособноста да се намалат килограмите доведуваат до истите тие проблеми.
Решение: Здрава и умерена исхрана и соодветна физичка активност. Пешачењето е совршена вежба!
2. Подгрбавеност – Погрешното држење ве прави постари. Ако имате старечка грба, поработете на тоа да се исправите што поскоро. Старечката грба влијае и врз здравјето и врз расположението.
Решение: Навикнете се да стоите, седите и одите исправено. Важно е да имате правилно држење за вашето здравје.
3. Забавен од – Тежок, сенилен. Начинот на кој одиме покажува како „одиме низ животот“. И психичките проблеми влијаат врз вашето одење и не ви дозволуваат да чекорите лесно и самоуверено. Совладајте ја техниката на „моќно одење“ со помош на психолог.
Решение: Без разлика колку ви звучи наивно, обидете се да одите енергично и правилно.
Поврзани објави
4. Психички брчки – Тие не се поврзани со староста, туку со постојаниот стрес и негацијата на позитивните работи. Тие лесно додаваат и до десетина години на реалната старост.
5. Маска наместо лице – Напнат израз на лицето. Овој замрзнат изглед на лицето може да ви додаде од 5 до 10 години. Тоа се случува кога личноста е психички заглавена во некоја општествена улога.
Решение: Излезете од наметнатите улоги. Правете вежби за лице какви што прават актерите, за да ги опуштите мускулите на лицето.
6. Замрзнат поглед – Зениците напнато гледаат во една точка. Менталните способности се ослабени. Свеста нема брз пристап до внатрешните ресурси: пријатните сеќавања, позитивните емоции. Таквиот уморен поглед настанува како последица од повеќечасовно седење пред телевизор или компјутер и му додава неколку години на вашиот изглед.
Решение: Исклучете го телевизорот. Ограничете ја употребата на компјутерот и паметниот телефон. Наместо тоа, читајте книги!
7. Гримаси – Кога личноста се обидува да се насмевне или да изрази некаква емоција, прават чудни, нескладни гримаси. Кај тие луѓе лицето се бори, како левата и десната страна да не добиваат исти команди.
Решение: Бидете искрени кон себе и кон другите. Посетете психолог.
Никој од нас не сака да изгледа постаро од своите години. Затоа, треба да почнете да ги препознавате знаците на психолошка старост, да научите како да ја победите и да не ѝ дозволите да ве совлада.
ФОТО: Daria Trofimova / Unsplash