Почетна Убавина и здравје7 докази дека на партнерот можете да му верувате 100 отсто!

7 докази дека на партнерот можете да му верувате 100 отсто!

од nenad
2 минути читај за

7 докази дека на партнерот можете да му верувате 100 отсто!

Објавено на 08/11/2023

Не сте сигурни дали ја заслужува вашата доверба: Знаците кои можете да ги прочитате во продолжување докажуваат дека можете да му верувате, токму како што тој ви верува вам.
1.Ги признава своите грешки. Никогаш не одбегнува да ја преземе одговорноста и не бега од грешките кои ги направил, без оглед на тоа колку се големи. Исто така не му паѓа на памет вината за сопствените грешки да ги префрли на некој друг.
2. Со вас ги дели своите чувства. Искрено разговара за се што го мачи или пак со задоволство говори за убавите работи. Факт е дека секогаш ви се доверува и не одбива да разговара за ниту една тема, влева доверба, а отвореноста и покажувањето ранливост за стручњаците е еден од главните
показатели дека лицето заслужува доверба.
3. Секогаш ви зборува за тоа како го минал денот. Нема што да крие од вас па секогаш самоволно ви раскажува што правел, каде и со кого бил. Никогаш не наидувате на нелогичности во неговите зборови.
4. Ви ги дава својата дебитна и кредитна картичка. Овој потег укажува дека и тој во вас има максимална доверба, а дефинитивно го покажува и тоа дека можете нему да му верувате бидејќи лице на кое не сте му важни нема да ви ги даде своите картички.
5. Секогаш се труди да открие мали несигурности. Сите сме понекогаш жртви на љубомора, а несигурен маж кој не ве сака дополнително ќе го предизвикува чувството на несигурност во вас.Меѓутоа, сталожен маж кој навистина има чувства кон вас ќе се потруди да ги избрка тие ваши мисли.
6. Веднаш ви посветува внимание. Не ве игнорира кога ќе го замолите да ви посвети малку внимание бидејќи морате да разговарате за нешто и се фокусира за тоа што го говорите. Ако е навистина среде некоја важна работа и после веднаш ви кажува дека му треба малку време па потполно ќе ви се посвети и на крај тоа навистина го прави.
7. Од вас не го крие својот мобилен или инбокс. Таинственоста и криењето обично се први докази дека мажот нешто „мати“, а ако вашиот партнер мобилниот, без проблем, го остава во просторијата, кога излегува од неа, и не се одјавува од својот меил на заедничкиот копјутер тогаш веројатно
нема што да крие.