Меѓу загинатите, 31 лице од Кочани и 4 од Штип, во тек е истрага за дозволите на дискотеката
Во трагичниот пожар што избувна утрово во дискотеката „Пулс“ во Кочани, загинаа 59 лица, додека 155 лица се повредени, потврди министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Досега се идентификувани 35 од загинатите, меѓу кои 31 лице од Кочани и 4 од Штип.
Поврзани објави
Со десет повредени лица веќе се извршени разговори, вклучувајќи и еден член од групата ДНК. Издадена е централна потерница за четири лица, а истражуваме и документацијата за дозволите на дискотеката преку Министерството за економија“, изјави Тошковски.
Тој додаде дека меѓу жртвите се наоѓа и полицаец кој бил на контрола за откривање на дрога.
Фото: принтскрин – социјални мрежи и Јутјуб