Почетна Свет300 бескаматни станбени кредити за лекари, полициски и армиски службеници

300 бескаматни станбени кредити за лекари, полициски и армиски службеници

од nenad
1 минути читај за

Влада ја почна реализацијата на програмата за доделување бескаматни кредити за млади брачни парови за решавање на нивното станбеното прашање.

Наша цел, како што рече премиерот Еди Рама, е да им се олесни решавањето на станбеното прашање, што е од суштинско значење,  на оваа категорија граѓани,  вклучени во многу значајни сектори и посветени во заштитата на  здравјето и гарантирање на безбедноста на Албанците.

– Денеска доделуваме 300 договори, по 100 за здравствени, полициски и армиски службеници. Ова е само почеток, до година таа бројка ќе биде многу поголема. Каматата на овие кредити ќе ја плаќа државата. Сакам да порачам дека тој што ќе избере да инвестира за својата иднина во Албанија, ќе победи, рече меѓу другото Рама.

Тој уште најави дека просечната плата во јавниот сектор идната година ќе достигне 900 евра.

Инаку, главен услов за добивање бескаматен станбен кредит е подносителите на барањата да се во брак.

Според програмата корисниците се избираат врз основа на систем на бодување, а во случај да има повеќе кандидати со еднакви бодови од дефинираните квоти, нивниот избор се врши според системот на бодување, утврден од самата институција-корисник, односно ресорните министерства.


Post Views:
55

Извор : vesnik-ilinden.com

300 бескаматни станбени кредити за лекари, полициски и армиски службеници